Мицкоски: Ќе ги посетиме сите домови и плоштади и ќе им кажеме на граѓаните дека имаме јасна визија во „Новата ера“
Да се биде дел од најголемата и најсилната политичка сила која секогаш е на страната на граѓаните подразбира дека си на страната на татковината. Чест и одговорност е да се работи за подобра иднина и да се биде дел од една идеја која длабоко во срцата ја носат луѓето на мојата татковина, ова го истакна на вечерашната Конвенција именувана како „Нова ера“ на ВМРО-ДПМНЕ генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски.
-На Македонија и треба ново утро, промени и надеж, на граѓаните им треба сигурност, а кој друг може тоа да го гарантира освен најголемата политичка партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Ние ќе ги донесеме промените кои и требаат на нашата татковина и кои граѓаните сакаат да ги видат, во наредниот период со гордо кренати глави и отворени срца и сигурен план ќе ги посетиме домовите, куќите и плоштадите и ќе кажеме дека имаме јасна визија во новата ера. Во овие кризни времиња кога се рушеа стандардите на сето она што со години наназад е градено со мака, кога се напуштаат проектите и народот го мачат многу прашања одговорот е ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Мицкоски.
Тој додава дека она што ќе го понудат на граѓаните е конкретна програма и прецизно ветуваат тоа што можат да го исполнат и секој еден проект е решение кое им е потребно на сограѓаните.
-Сите работеа напорно за новите изборни програми кои се посветени на: Образованието е најважен темел за иднината на нашите деца, за таа цел ќе изградиме повеќе од 330 училишта, ќе изградиме, реконструираме и адаптираме повеќе од 135 градинки, ќе се бориме со загадениот воздух, за таа цел ќе изградиме повеќе од 223 зелени површини и паркови. Ќе изградиме 412 проекти за комунални канализациони проекти, нашите проекти опфаќаат 308 проекти за водоводни мрежи и системи. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што најмногу градеше и ветуваме дека во иднина нашите градоначалници ќе изградат или реконструираат повеќе од 1386 улици и патишта, а тоа се стотици километри асфалт, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала