Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на Фејсбук изрази сочувство до семејствата на жртвите кои го изгубија животот во трагичниот настан што се случи во Цетиње, Црна Гора.
- Во овие тешки мигови, од името на Владата, како и од мое лично име, изразувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите кои го загубија најмилото. Нивната болка е неизмерна, а загубата непоправлива. Нашите мисли и молитви се со нив, како и со сите кои беа погодени од овој трагичен чин. Длабоко сочувствуваме и со граѓаните на Црна Гора кои во овој момент се соочуваат со голема тага и вознемиреност, вели Мицкоски во телеграмата со сочувство.
Оваа трагедија, посочува премиерот, е потсетник за важноста на заедништвото и солидарноста помеѓу народите во регионот, особено во моменти кога се соочуваме со вакви трагедии што оставаат длабоки лузни во општеството.
Упатува поддршка до сите надлежни институции во Црна Гора кои со голема посветеност работат на расветлување на овој немил настан и на враќање на мирот и безбедноста во заедницата.
-Македонија стои рамо до рамо со братскиот црногорски народ во овие болни мигови и останува подготвена да понуди каква било поддршка што би била потребна. Нека почиваат во мир сите невини жртви, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, посочува Мицкоски во телеграмата со сочувство.
Ново на Сител
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
