Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посетија просторијата во МВР каде што се складирани 40 тони марихуана, запление во неодамнешната полициска акција. Според надлежните институции, дрогата била произведувана и складирана надвор од законските протоколи, а целта ѝ била да заврши на улиците во Македонија и Европа.
Министерот Тошковски во изјава објавена на Фејсбук профилот на МВР истакнува дека случајот е резултат на негрижа и погрешни политики од минатото, но дека институциите ќе делуваат решително.
- Имаме прилика да ги видиме овие 40 тони конфискувана, првично одземена марихуана, кои беа пронајдени во рамки на првата фаза од истрагата што се спроведува. Станува збор за марихуана за која Комисијата при Министерството за здравство констатира дека е произведувана, складирана и чувана надвор од утврдените протоколи - рече министерот.
Тој додаде дека дрогата е привремено складирана во просторија на МВР и ќе биде искористена како доказ во постапката.
- Се преземаат сите потребни чекори за да ја утврдиме фактичката состојба и да го расветлиме случајот. За жал, последиците од негрижата и катастрофалниот однос во минатото денес предизвикуваат огромни штетни последици, кои ќе бидат сериозен предизвик да се решат - дополни Тошковски.
Премиерот Мицкоски порача дека Владата ќе формира комисија која ќе испита кои правни субјекти работеле согласно законот, а кои го злоупотребиле.
- Она што зад мене можете да го видите е дел од тие 40 тони цвет од канабис, што претставува резултат на погрешни политики од едно време, кои не би сакале никогаш да се повторат. Очекувам денес на седницата на Владата да се донесе одлука со која ќе се формира комисија и тим, кои ќе го испитаат работењето и ќе констатираат фактичка состојба - рече премиерот.
Мицкоски испрати порака дека, како што рече „никој не е над законот“.
- Нема компромис со неправдата, нема компромис со беззаконието. Никој не е над законот. Криминалот денес не се исплати – ќе бидете пронајдени и жестоко казнети, сите вие што мислите дека криминалот е професија - нагласи премиерот.
Мицкоски и Тошковски нагласија дека борбата против организираниот криминал и корупцијата ќе продолжи со полн капацитет, а јавноста ќе биде редовно информирана за резултатите од истрагата.
Министерството за внатрешни работи, заедно со Бирото за јавна безбедност и во координација со Обвинителството за организиран криминал, конфискуваше 40 тони марихуана од повеќе правни субјекти. Според Комисијата при Министерството за здравство, дрогата била произведувана и складирана надвор од утврдените протоколи за медицинска употреба, што, според надлежните, укажува на систематска злоупотреба.
МИА
Ново на Сител
-

Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид
-

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда
-

Иран им забрани на спортските тимови патувања во „непријателски“ земји
-

Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село
-

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
-

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
-

Опожарен стан во Куманово
