Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан, во Њујорк имаа средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.
- Остваривме средба со Каја Калас, на која беа разменети мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен, безбеден и просперитетен регион, објави премиерот Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк, претходно учествуваше на состанокот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан, а имаше средби и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и со премиерот на Косово, Албин Курти.
Мицкоски учествуваше и на панел-дискусијата на високо ниво „Reaffirming the promise of peace: using the power we have“, чиј домаќин во Њујорк беше претседателот на Финска, Александар Стуб, на која се разговараше за важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици биле темите на кои се разговарало на
Мицкоски воедно оствари и средба и разговор со претседателот Стуб, на која е истакнато значењето на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и потребата од градење стабилна и безбедна Европа.
- Македонија останува посветен партнер во напорите за мир, стабилност и соработка, како членка на НАТО и земја стратешки определена кон европската интеграција, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
