Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со владината одлука за намалување на цените на училишниот прибор, донесена пред два дена, им се помага на семејствата да се намалат трошоците и да се заштити животниот стандард на граѓаните.
- Пред два дена на владина седница донесовме одлука за намалување на цените во големопродажбата за 10 проценти и во малопродажбата до 15 проценти. И тука е опфатен целокупниот училишен прибор. Сè што спаѓа во училишен прибор од тетратки, моливи, пенкала, гуми, блокови, ранци, сето тоа е опфатено со оваа одлука и треба јасно да биде означено брендирано. И оваа одлука ќе трае до 30 септември. Очекуваме на овој начин пред почетокот на учебната година на родителите да им ги олесниме овие почетни училишни денови, односно да може да се генерира заштеда во семејниот буџет. И цениме дека како Влада тоа е корисно што го правиме, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по потпишувањето Договор за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод Македонија - Србија.
Владата на 25 август ја донесе оваа одлука која ќе биде на сила заклучно со 30 септември 2026 година.
Мерката опфаќа широк спектар на производи кои се неопходни за почетокот на учебната година: ранци и ташни; тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала; боички, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери; темперни, акрилни и водени бои и четки; линијари и дидактички материјали; острилки и гуми за бришење; детски ножици, футроли, лепила, шестари; дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни. Тука спаѓаат и материјали за изработка, практично сè што е потребно за стартот на учебната година.
МИА
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
