Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва од собраниската говорница рече дека има неколку стотици случаи од Министерството за внатрешни работи и финансиската полиција кои се наоѓаат во Обвинителството за постапување и дека по нив не се постапува.
Одговарајќи на пратеничко прашање, рече дека таму има луѓе кои не ги интересира правдата, туку дека тие се заробеници на некого.
- Континуирано добивам информации за тоа што се случува во Судскиот совет. Таму има еден клан од двајца, еден од тројца, една е сама, добивам документи од свиркачи за фалсифкувани записници со различни дати, различни печати, без потписи. И ако тоа не е основа за јавниот обвинител да влезе и да провери, не знам кој глас треба да допре до Обвинителството за да постапи. Но, затоа веднаш допре гласот за ТОЕФЛ на Бојан Христовски. Кога СДСМ излезе од говорницата, истиот момент тој глас допре кај Гаврил Бубевски. Веднаш таа фреквенција стигнува до него и тој беше спремен веднаш, но кога треба да се постапува, тогаш треба медицински третман за симптомите со кои излегува во јавноста и ги опструира акциите на истражните органи, рече Мицкоски.
Додаде дека е потребно да се преземе акција и дека ќе биде преземена без разлика колку политички куршуми ќе прими.
Ново на Сител
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми