Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат

- Податоците на Евростат покажуваат дека Македонија има меѓу најниските цени на храната и пијалаците во регионот - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за податоците на Евростат според кои цените на храната и безалкохолните пијалаци во земјата се за 25 проценти пониски од просекот на 36 европски земји.
Мицкоски, кој денеска присустуваше на пуштањето во употреба на улицата Прохор Пчињски во населено место Чифлик во општина Чешиново - Облешево, рече дека според ценовниот индекс со референтна вредност 100, земјата е меѓу државите со најниски цени во регионот.
- Евростат објави податоци што се однесуваат на реперот 100, дека ние се наоѓаме како држава со најниски цени од аспект на пијалаците и од аспект на храната, убедливо најниски во регионот, со што паѓаат сите тези на оние злонамерници изминатиов период кои ширеа лаги и дезинформации. Се разбира, тука пред сè мислам на поединечни синдикалци, кои се практично опозициски коалициски партнери. И со тоа паѓа таа нивна теза. Се разбира дека сите проблеми не се решени, треба многу од проблемите да се решаваат бидејќи тоа што се случувало повеќе од 30 години, ние не можеме за две години да го решиме. Но повеќето од проблемите се решени или се во процес на решавање - истакна Мицкоски.
Тој додаде дека Владата работела на консолидирање на инфлацијата и затоа денес државата, особено во третиот квартал, има убедливо најниска стапка на инфлација во регионот и, како што додаде, можеби и во Европа.
- Порано нè убедуваа дека инфлацијата била увезена кога имавме двојно поголема од просечната во Европската Унија. Денес кога имаме за 25-30 отсто пониска инфлација од таа во ЕУ, ги нема оние што неèубедуваат, молчат, скриени некаде и се обидуваат како лешинари повторно со лаги, измислици и конструкции да нанесат некаква политичка штета. Но, се лажат. Ете видоа што се случи во Брвеница, четири спрема еден, пет спрема еден, ги губат изборите, затоа што не може да го потценат народот. Тие мислат дека народот не се сеќава тоа што го правеа седум години кога ја ограбуваа и кога ја распродаваа Македонија, кога ја уништуваа Македонија. И сега кога гледаат дека од петни жили се мачиме нешто да повратиме од она што е распродадено и уништено, тие повторно како лешинари се обидуваат да наштетат, но се немоќни бидејќи народот е со Владата и со решенијата - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
