Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени, се додека кај нас има структури подготвени да коленичат пред бугарските власти

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во односите и преговорите со Бугарија како Влада ќе опстојат на она што претставува наш корен, линија на македонскиот идентитет, дека тоа е црвента линија и од тоа нема да отстапи ниту милиметар. Не очекува да се промени наративот од бугарска страна и покрај најавите за формирање стабилна влада, се додека, како што рече, во земјава има политички и општествени структури кои се подготвени да коленичат пред бугарските власти.
- Во 21 век го негираат идентитетот на македонскиот великан Гоце Делчев. Во 21 век се уште македонскиот народ се соочува со овие предизвици за кои не би требало да се соочува. За жал наместо да се бориме за заедничка иднина, за подобра иднина ние се уште отвораме прашања од минатото и за жал дел од тие прашања со своите корени се во средниот век, рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по панихидата одржава по повод 123-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев.
Иако во Бугарија се очекува стабилна влада по подолго време, Мицкоски не очекува бугарскиот наратив во однос на Македонија да се промени.
- Ако ме прашате лично мислење не очекувам воопшто да се промени атмосферата. Напротив, очекувам истата таа да се вжешти затоа што се уште има структури и политички и општствени кај нас дома, кои што се подготвени да коленичат пред бугарските власти и да бидат мекото ткиво на македонската надворешна политика. Се додека има такви структури и сили јас не очекувам промена на односот на нашиот источен сосед, рече премиерот.
Потенцира дека сепак, како влада се подготвени на разговори, но тие да бидат аргументирани.
- Ние како Влада сме секогаш подготвени за билатерални разговори, да ги соочиме нашите аргументи и се разбира оние аргументи кои ќе преовладеат ние сме подготвени да ги прифатиме, иато како што очекуваме и од спротивната страна да ги прифати, истакна премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
