Македонија
18. August 2022 - 14:13

Мицкоски: Армијата е симбол на државноста на Македонија, заслужува поголемо внимание од Владата кое во овој момент го нема

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук го честита Денот на Армијата на Република Македонија.

„Армијата претставува симбол на државноста на Македонија, институција која го штити територијалниот интегритет и безбедноста на граѓаните и затоа таа ужива доверба меѓу народoт. 

Припадниците на АРМ со својата лојалност и посветеност на работата се гордост за секој од нас како граѓанин на Република Македонија. Посебна почит изразувам кон оние припадници на АРМ кои ги положија своите животи за својата Татковина и на тој начин оставија вечен белег со својот патриотизам и пожртвуваност. Во исто време изразувам и огромна благодарност до сите војници кои во многу случаи и непогоди низ годините излегуваа несебично први во помош и заштитата на граѓаните и нивните имоти и на тој начин ја градеа довербата и угледот на АРМ. 

Армијата заслужува поголемо внимание од Владата, која во овој момент го нема. Армијата се темели на храброста на илинденците и партизаните, на имињата на Ченто, Апостолски, на пожртвуваноста на илјадници мажи и жени кои го даваа животот за нашата слобода.  

Нека е вечен Денот на Армијата на Република Македонија 

Нека е вечна Македонија“. - напиша Мицкоски на Фејсбук.