-->
-->
Mи го уништи бракот: Бајач ме лекуваше со секс, додека маж ми чекаше пред куќата!
-->

Млада жена, поради семејни и здравствени проблеми му се обратила на Зоран Т, наречен Триша Видовитиот, и поради тоа животот и се претворил во пекол. Бајачот не само што сексуално ја злоставувал, туку и го уништил бракот и семејството и денеска едвај може да оди. Таа моли некој да го спречи овој видовит да продолжи да ја работи неговата сомнителна пракса.
Работи преку фотографии, со хипноза, ме присилуваше во бесвесна состојба да се соблекувам, ми го ставаше половиот орган во анусот и во уста. Ми ги допираше градите, додека мојот маж и синот стоеја пред куќата, зошто поединечно не воведуваше во собата, напиша таа и додава дека многу се срамела поради тоа што се случило.
Останавме без пари, не можам да одам по улица, ми го уништи бракот и сите не направи будали. Во нашата куќа внесе многу зло и од тогаш не ни оди како што треба. И денеска врши притисок врз мојот ум и моето тело. Правам неконтролирани работи. Семејството ми го уништи и не знаеме што ни се случува, сведочи оваа жена, која е убедена дека исцелителот влијае врз неа и е главен виновник на нејзината состојба.
Ги предупредува сите дека видовитиот се рекламира како човек кој може да предвидува и симнува магија дури и преку фотографии.
Верувам дека еден ден Бог ќе му плати за сите свои зла, а се надевам дека ќе заврши во полиција, пишува очајната жена.
Бајачот кој кај оваа жена магијата ја симнувал со секс, за жал не е единствен кој на овој начин злоставувал наивни. Пред 6 години кај Ваљево лажен бајач заврши на суд, зошто тврдел дека отстранува магија, со т.н. бањање во "магична вода".
Имено тој клиентките голи ги бањал во леген, а на една и рекол дека нејзината магија е толку тешка што мора да ја преземе на себе и тоа со секс со неа. Жената се согласила на тоа, па одела на 3 третмани кои вклучувале секс, му платила 500 евра и му дала и златен ѓердан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
-

МВР: Во мај година пријавени 70,5 отсто повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и зголемување од 71,3 отсто во однос на мај лани
-

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник
