МФ се уште нема законска основа за исплата на субвенции

Согласно деловникот на Уставниот суд, Министерството за финансии се уште нема законско право да ги исплаќа субвенциите до носење на конечна одлука од страна на Судот. Минатата среда Уставниот суд донесе само решение, а конечна одлука се очекува да биде донесена оваа среда.
За МИА од Министерството за финансии денеска изјавија дека по извршена консултација со Уставен суд им било посочено дека само по основ на решение немаат законска основа да ги исплаќаат субвенциите, туку согласно Деловникот на Судот мораат да почекаат носење конечна одлука која се очекува во среда.
По официјално објавување на конечната одлука на Уставниот суд, од Министерството велат дека нема да има законски пречки и ќе пристапат на исплата на субвенциите.
- Министерството постапува строго прецизно согласно законите. Согласно законската регулатива Министерството досега немаше можност за исплаќање на субвенциите, односно од распишување на изборите до избор на влада. И покрај бројните притисоци во вид на шпекулации дека Министерството нема средства да ги исплати субвенциите, Министерството истраја и ја испочитува законската регулатива. Штом Уставниот суд ја донесе конечната одлука во среда и ја објави официјално, Министерството за финансии ќе пристапи кон исплата на субвенциите, велат од Министерството за финансии за МИА.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
