МФ: Продолжува примената на повластената стапка на ДДВ од 5 проценти на новоизградени станови до крајот на 2028 година

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари 2026 година. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност што беа усвоени во Собранието, поптврдуваат од Министерството за финансии (МФ).
-Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5 проценти на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој тие се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата се продолжува од 1 јануари 2026 година до 31 декември 2028 година, соопшти МФ.
Согласно постоечкиот Закон, се вели во соопштението, беше предвидено повластената стапка на ДДВ од 5 проценти на новоизградени станови да се применува до 31 декември 2025 година.
MИА
Ново на Сител
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
