Мевљудин Алити: Да не се мачиме, човекот што го сака мојот објект нека се јави да му го подарам

Сопственикот на дивоградбата кај Мавровка за време на нејзиното уривање одржа прес-конференција на која кажа дека е жртва бидејќи некој сака да му го одземе објектот. Тој вели дека ги поседува сите документи дека не станува збор за дивоградба туку дека неговиот објектот од времен карактер е легализиран и со тоа има право да го обнови.
„Лани најдов проектил од рачен фрлач во објектот, оваа година ми го запалија, еве 50 дена незнам кои се причините истрагите завршуваат со непознати причини или непознат сторител. Господа ве молам човекот што го сака мојот објект нека се јави да му го подарам да не се мачиме вака. Точно дека ги избегнував медиумите но тоа го направив затоа што сметав дека мојот приватен бизнис не е предмет на јавен интерес. Градам со елаборат и проект. Само за комуналии и такси на градот сум платил над 4.7 милиони денари за легализацијата. Политиката рушеше порано и ќе руши и сега“, изјави сопственикот на дивоградбата кај ТЦ Мавровка.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
