„Метла“ или „ветинг“ по консултациите во партиите од владината коалиција
Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети за реконструкција на Владата прво ќе разговараат со сопартијците па потоа на лидерско ниво, ова вчера беше договорено на средбата на претседателите на партиите на власт, која траеше околу еден час и 30 минути.
На средбата на „Илинденска“ бр. 2, која требаше да детектира одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт, било договорено дека ќе следуваат консултации во двете политички партии на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат.
-Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните, велат од Владата.
Премиерот Зоран Заев вчера најави дека како коалициски партнери ќе разговараат за реконструкција, но и дека ќе се зборува за личности, а не за припадници на политички партии или професионалци кои се во Владата.
– Иако симболиката дојде од зборот „метла“, сепак, се работи за луѓе професионалци. Зборуваме за ароганција, за неисполнување на очекувањата од одредени институции и зборуваме за немукаетност или неможност да се постигнат очекуваните цели кои граѓаните ги очекувале. Значи зборуваме за личности, не зборуваме за припадници на политички партии или професионалци кои се во Владата. Сите оние кои покажале слабост од ваков карактер вредно е да се размислува да бидат променети со други луѓе, изјави Заев.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изјава за медиуми завчера рече дека останува на барањето за проверка на пратениците и функционерите кои вршат јавна дејност и дека барал совети за примена на ветингот, со што ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето лажни вести.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии