Метју Пери: Имам кошмари поради идејата за нови епизоди на „Пријатели“
Актерот Метју Пери, кој неодамна ја режираше својата прва театарска претстава, изјави дека не е воодушевен од идејата да се снимаат нови продолженија на серијата „Пријатели“, кој му донесе светска слава.
Пери вели дека има напади на мачнини, кога ќе помиси на повторно собирање на актерите од култната серија „Пријатели“.
- Сите го посакуваат тоа, но не и јас, затоа што знам дека таа идеја не е добра, изјави 47-годшниот Пери.
Тој изјави дека има „ноќни кошмари“ поради шпекулациите дека серијата повторно ќе се снима. - Јас не се шегувам. Сонувам дека сме се вратиле, сме снимиле нови епизоди и дека никому не му било грижа за тоа, истакна Пери, кој во „Пријатели“ го толкуваше ликот на Чендлер Бинг.
- Завршивме на врвот со добра гледаност и не можеме тоа да го надминеме. Затоа нема да учествувам во снимањето на продолженијата, заклучи тој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови