Метеоролозите предупредуваат: Торнада и силни бури се закануваат на Југот на САД
Динамичниот систем на бури што може да предизвика моќни торнада и град со големина на безбол топки доби релативно ретка ознака од синоптичарите: „висок ризик“ за тешки временски услови.
Вчера, најекстремни временски услови беа забележани во делови од Мисури, Ајова и Илиноис, додека денеска бурниот систем се движи кон јужните држави, вклучувајќи ги Луизијана, Мисисипи и Алабама.
„Во сабота попладне и навечер се очекуваат повеќе значајни торнада, некои со долга патека и голема сила“, се наведува во прогнозата на Федералниот центар за следење на бури.
Центарот користи петстепена скала за предупредување за екстремни временски услови, при што највисокиот ризик е означен со пурпурна боја. За денеска, оваа зона со „висок ризик“ ги опфаќа делови од Мисисипи и Алабама.
Ознаката „висок ризик“ се користи кога се очекуваат „многубројни интензивни и долготрајни торнада“ или грмотевични бури со урагански налети на ветер што можат да предизвикаат големи штети.
На 6 мај 2024 година, ваква ознака беше доделена за делови од Канзас и Оклахома, со предупредување за „повеќе значајни торнада со долги патеки“. Прогнозата се покажа точна, бидејќи десетици торнада го погодија регионот, а еден од најсилните помина низ градот Барнсдал, Оклахома, уништувајќи бројни домови.
Ново на Сител
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари