-->
-->
Металург и Шатр во финалето на Струшкиот турнир
-->
Екипите на Металург и Шарт се финалисти на 44. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2016“ по синоќешните натпревари одиграни меѓу Пелистер и Алингсас 26:23 (11:12) и Еурофарм Работник и Стеауа 26:33 (10:16).
Битолски Еурофарм Работник не ја повтори играта што ја прикажа против Металург, кога беше блиску до изненадување. Лесно беше совладан од романска Стеауа со убиедливо заостанување во текот на цел натпревар и ја изгуби шансата за борба за трето место.
Во вториот натпревар Пелистер го поправи впечатокот од вториот ракометен ден, кога беше декласиран од француски Шарт. Битолчани почнаа мотивирано, видлив беше поинаков пристап во мечот за разлика од мечот со Шарт. Агресивната одбрана даде резултати и на полувреме му донесе водство од 12:11.Алингсас почна да игра поцврсто во одбраната и направи пресврт од три гола во средината на второто полувреме, разлика која ја одржа за конечни 26:23.
Во денешните натпревари за 5-тото место ќе се сретнат битолските ривали Пелистер и Еурофарм Работник, кои ќе се борат за избегнување на последното место, откако синоќа двата тима беа поразени од шведски Алингсас, односно романска Стеауа. Овие две екипи ќе се борат за бронзата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина
-
Преглед на вестите од светот
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “