„Мета“ го враќа препознавањето лице на „Фејсбук“ и „Инстаграм“
Компанијата „Мета“, сопственичка на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, одлучи да ја врати технологијата за препознавање лица во своите апликации, откако пред три години „го исклучи“ овој систем поради негативната реакција на јавноста на „Фејсбук“.
Новиот потег е „со цел да борба против измамите“ и „помош за корисниците кои го изгубиле пристапот до нивните профили“, се вели во соопштението. Така, првичниот тест ќе користи препознавање лица за откривање лажни објави и реклами со лице на позната и јавна личност.
„Ако нашиот систем открие дека нешто би можело да биде измама со ликот на јавна личност, ќе ја користиме технологијата за препознавање лице заради совпаѓање на лицето во рекламата со профилните фотографии на таа јавна личност на 'Фејсбук' и 'Инстаграм'. Ако се најде потребното совпаѓање, а огласот е измама, ќе ја блокираме објавата“, соопшти „Мета“.
Компанијата веќе ја овозможи функцијата за мал број познати и јавни личности, а наредниве недели ќе почне автоматски да додава повеќе лица кон тоа. Сепак, како поединец, корисникот ќе има можност да ја исклучи таа заштита од социјалната мрежа.
- Ова е процес во реално време - побрз и попрецизен од рачниот преглед, рече Моника Бикерт, потпретседателка за политика за содржина во „Мета“.
Од „Мета“ соопштуваат и оти „веднаш ќе ги бришат податоците собрани со препознавање на лице“, што ќе се користи само за споредба. Исто така, „скенирањата нема да се користат за други цели“, се вели, а и познатите личности, како и сите корисници, ќе можат да изберат дали сакаат или не заштита од лажни објави и реклами.
Ново на Сител
-
Притвор за малолетникот кој извршил обид за убиство врз 55-годишен маж од скопско
-
Утре сончево и многу топло
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево
-
Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж