Меси: Сите сакаа да го копираат Гвардиола

Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси во Пеп Гвардиола го гледа највлијателниот тренер во модерниот фудбал.
„Гвардиола е од друг свет, го гледа она што никој друг не го гледа. Го смени фудбалот. Сите сакаа да го копираат неговиот стил во Барселона. Всушност, на овој начин тој несвесно ѝ наштети играта: луѓето се обидуваа да играат како Барселона без да разбираат како да го прават тоа. Имавме совршен тим со Чави, Андрес Иниеста и Серхио Бускетс во средината на теренот, совршена комбинација на играчи и тренер“, рече Меси во интервју за каналот Simplemente Fútbol на Јутјуб.
Аргентинецот Меси наведе дека сè уште не одлучил дали ќе остане во националниот тим за одбрана на светската титула на Светското првенство следната година.
„Оваа година ќе биде клучна за мојата одлука во врска со Светското првенство во 2026 година. Ќе лажам ако кажам дека не размислувам за тоа“, рече Меси.
Ново на Сител
-

Утре почнува второто полугодие – ако децата се болни да не одат на училиште, советуваат педијатрите
-

Заменик министерот за образование Алиу поднесе оставка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
