-->
-->
Меси: Сите би сакале Атлетико да ја освои Лигата на шампиони
-->
Лионел Меси најдобриот играч во светот и шпанската Барселона, се надева дека Атлетико Мадрид ќе го победи градскиот ривал Реал во финалето на Лигата на шампионите.
- Јасно е дека луѓето во Барселона не сакаат Реал победи и не сакаат да освои ништо. Во Барселона би биле задоволни доколку Атлетико победи во финалето. Она Атлетико го направи е голема работа, нив не е лесно да се победат. Тие се многу тежок противник и Симеоне за тоа заслужува пофалби, изјави Меси во интервју за телевизиската станица ЕСПН.
Токму Атлетико ја елиминира Барселона во четвртфиналето во елитното натпреварување, но каталонската екипа сепак сеуште има шанси да освои двојна круна во Шпанија. На коло до крајот на Примера, Барселона има еден бод повеќе од Реал, односно два од Атлетико, а Меси и соиграчите ги очекува и натпревар во финалето на Копа Дел Реј.
- Елиминацијата од Лигата на шампионите беше тежок удар за нас. Бевме подобри од Атлетико во првиот меч во кој требаше да ги разрешиме сите дилеми. Но, во Мадрид беше далеку покомплицирано, дополни Аргентинецот.
Барселона во последното коло гостува кај Гранада, додека Реал ќе игра во Ла Коруња против Депортиво, а Атлетико ќе чека кикс на водечката двојка па со евентуален триумф над Селта Виго да стигне до трофејот.
- Не очекуваат уште два финални меча, еден во Примера и еден во Копа Дел Реј. Би било одлично доколку успееме да триумфираме во двете натпреварувања. Сега се е во наши раце, заклучи Меси кој сезонава со 26 гола е трет на листата на стрелци во шпанскиот шампионат, зад клупскиот колега Луис Суарез (37) и „лутиот’’ ривал Кристијано Роналдо кој има постигнато 33 гола во Примера.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите