-->
-->
Меси прв фудбалер со 25+ голови 12 сезони по ред
-->
Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна два гола во победата од 5:2 остварена синоќа над Хетафе во шпанската Ла Лига.
Триесет и тригодишниот Аргентинец ги постигна 24. и 25. погодок во сезоната. Така, Меси постави рекорд со 25 или повеќе дадени голови 12 последователни сезони.
Најблизу до достигнувањето на Меси беше фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој играше за Реал Мадрид. Португалецот постигна 25+ голови во 11 од последните 12 сезони во лигата. Тој во сезоната 2018/2019 имаше 21 гол во Серија А.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Можни прекини во водоснабдувањето во Општина Чаир и Железара поради прекин на електрична енергија
-
Кривична за екс-директор на основно училиште во Липково, го оштетил буџетот на државата за 577.550 денари
-
Пожар во парк-шумата Гази Баба | ВИДЕО
-
Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион