Меси по седми пат ја освои „Златната топка“
Лионел Меси ја освои седмата Златна топка, втора по ред по 2019 година.
Второто место му припадна на Роберт Левандовски, додека трет на листата на Жоргињо.
По Меси според бројот на овие награди следува Кристијано Роналдо, со пет титули за најдобар на светот. Меси оваа година како капитен ја освои Копа Америка, што е негов прв голем трофеј со репрезентацијата по одигрувањето на финалето на Светското првенство, кое Аргентина го загуби по продолженија од Германија во 2014 година и по дури три финалиња на Копа.
Тоа е прва титула за Аргентина од 1993 година, а Меси беше најдобар стрелец покрај Колумбиецот Луис Дијаз со четири гола.
Сепак, Меси запиша дури пет асистенции, со што учествуваше во девет од 13-те гола на Аргентина и сосема заслужено беше прогласен за играч на турнирот што се одржа во Бразил. Кариерата ја заврши и во Барселона со дури 30 гола во првенството, со што ја круниса титулата најдобар стрелец во Ла Лига.
Ново на Сител
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател