Македонија
19. July 2019 - 16:44

Мерко се откажа од ингеренциите во урбанизмот - Охрид нема намера да го стори тоа

Струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, им ги отстапува на владините институции неговите надлежности во Општината во областа на урбанизмот во делот на издавање на дозволи за градби ,легализација на обејктите издавање на концесии како и во делот на и спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО.

Во писмото, споделено на официјалната фејсбук страна на Општината, пишува дека ваквата одлука е резултат на последните случувања и долгорочната кампања која се води против градот Струга и градоначалникот.Мерко и денеска беше недостапен за коментар по  писмото и  добиените закани по живот.

Oд охридската полиција потврдија дека жител од Велешта им се заканувал на повеќе лица во општината и дека случајот бил пријавен од вработен во локалната .

Струшките советници од ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на албанците денеска побараа оставка од градоначалникот Мерко доколку не може да си ги исполни своите обврски за кои е гласан од страна на граѓаните .Тие велат дека на овој начин ја  префрла топката од локална на централна власт бегајќи од одговорности.

Премиерот Заев пак слушнал дека и општината Охрид ќе постапи исто како струшкиот градоначалник.

Од општина Охрид пак потенцираа дека сите постапки кои ќе ги превземат во наредниот период во однос на исполнување на препораките на Унеско ќе се одвиваат во согласност со сите законски процедури транспарентно за кои  јавноста ќе биде навремено информирана.