Свет
8. March 2016 - 13:41

Меркел: Се движиме во правилна насока за справување со миграциската криза

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска дека напорите на Европската унија за справување со миграциската криза се движат во правилна насока, откако лидерите на Унијата постигнаа начелен договор со Турција за пресекување на протокот на мигранти кон Европа. 

- Работите можеа да се одвиваат многу побрзо, но сепак во целина тие се развиваат во правилна насока, рече Меркел.

Таа додаде дека ЕУ треба да размисли за додавање на квоти за бегалци од Ирак кон оние што се предвидени за Сиријците.