Меркел повика на подобра координација за помош на бегалците
Два дена пред посетата на Турција, каде што треба да учествува на меѓународна конференција германската канцеларка Ангела Меркел повика на подобра координација на хуманитарните операции што ги водат различни земји и организации.
Конференцијата што започнува во Истанбул в понеделник нема донаторска карактер туку треба да донесе подобра интеграција меѓу различните меѓународни активности на хуманитарен план, како и да се добие целосна слика за преземените активности досега.
Според Меркел потребно да се види дали сите ветувања за помош дадени на различни меѓународни форуми доследно се спроведуваат со цел да им се помогне на луѓето во невоља.
Организатор на конференцијата во Истанбул се Обединетите нации, кои претходно објавија дека 125 луѓе во светот зависат од хуманитарна помош.
Како што предходно објави германската Влада на маргините на форумот во Истанбул ќе се сретнат германската канцеларка Меркел и турскиот претседател Ердоган, а една од темите на разговор ќе биде внатрешната политичка состојба во Турција по оставката на премиерот Давутоглу и усвојувањето на законот со кој на дел од турските пратеници со гласовите под контрола на Ердоган им беше симнат имунитетот.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево