Меркел: Ние сме Грција да остане во еврозоната

Германската канцеларка Ангела Меркел на денешната вонредна седница на Бундестагот, на која ќе се гласа за продолжување на помошта за Грција, предупреди дека алтернатива на тоа би бил хаосот во Грција и во Европа.
- Ние сме Грција да остане во еврозоната. Наспроти енормните грчки напори стои енормната солидарност на Европа, посочи Меркел.
Таа посочи дека еврото е повеќе од валута и оти на Европа и е потребна способност за компромис.
И германскиот вицеканцелар и шеф на Социјалдемократската партија (СПД) Зигмар Габријел во Бундестагот побара крај на дебатата за „грексит“ односно идејата Грција да ја напушти еврозоната, која викендот ја покрена министерот за финансии Волфганг Шојбле.
Тој наведе дека кај народот постои голема скепса поради тоа, но потенцира оти „Германија е една силна, но и сочувствителна земја“.
- Грција не ги исполни ветувањата. Ова е последен обид... за решавање на тешката задача, посочи Шојбле.
Тој се заложи за понатамошни преговори со Грција додавајќи оти по преговорите може да се знае каква ќе биде ситуацијата.
Германските пратеници денеска ќе гласаат за прифаќање на пакетот помош за Грција вреден 86 милијарди евра. Се очекува помошта за Грција да биде изгласана и покрај тоа што одреден број пратеници од редовите на конзервативците одбиле да ја поддржат исплатата на дополнителна помош за Атина.
Германија е една од неколкуте членки на еврозоната која мора да му даде „зелено светло“ на пакетот помош за Грција пред оваа помош да може да почне да се исплаќа.
Ново на Сител
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за трошоците за прославата
-

ООУ „Св. Климент Охридски“ од М. Брод единствено училиште кај нас со сопствена кујна со топол оброк за учениците
-

Александар Степанулески е 34-тиот победник на фестивалот „Ристо Шишков“
-

Бројните организирани забави до повисоки приходи за хотелите
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Злате Мехмедовиќ, директор на Клиника за физикална медицина и рехабилитација
-

Владата го намалува ДДВ-то кај дизелот од 18 на 10%
-

Мицкоски најавува прославите како на 8 Септември да станат пракса, опозицијата бара истрага за парите од Лотарија
