Меркел: Не е сигурно дека најновиот спасувачки план за Грција ќе успее

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не е сигурно оти најновиот спасувачки план за Грција ќе успее, но изрази надеж дека земјата ќе успее да ја надмине економската криза доколку се придржува кон договорите подготвени од кредиторите.
Таа истакна дека Грција не може да очекува отпишување на долгот. Според неа постојат и други начини за олеснување, како на пример преку намалување на каматите.
Меркел нагласи дека очекува Меѓународниот монетарен фонд да учествува во новиот спасувачки план за Грција, додавајќи дека генералниот директор на институцијата Кристин Лагард ветила дека ќе лобира за тоа пред управниот совет на ММФ.
- ММФ учествува во преговорите. Тој го поддржува грчкиот договор. Не се сомневам дека она што го кажува Лагард ќе стане факт, истакна германската канцеларка.
Ново на Сител
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
