Свет
18. February 2016 - 8:40

Меркел, НАТО и САД со остра осуда за нападот во Анкара

Германската канцеларска Ангела Меркел остро го осуди вчерашниот напад во Анкара, во кој загинаа 28 лица и над 60 беа ранети.

- Изјавувам пред турскиот народ: Ние како Германци ја споделуваме со ваш вашата мака. Во битката против извршителите на тој нечовечки акт ние сме на страната на Турција, се наведува во соопштението на Меркел.

Таа додаде дека во мислите е со семејствата на жртвите и ранетите. 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг остро го осуди терористичкиот напад во Анкара.

Тој преку соопштение посочи дека нема оправданија за такви грозоморни чинови и оти сојузниците од НАТО се рамо да рамо во борбата против тероризмот. 

Столтенберг им изрази длабоко сочувство на семејствата на убиените и на турскиот народ.

САД исто така остгро ги осудија терористичките напади против турски војници и цивили денеска во Анкара, изјави во Вашингтон портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

- Им изразуваме сочувство на семејствата и им посакуваме брзо закрепнување на ранетите. Го потврдуваме здравото партнерство со Турција, наш сојузник во НАТО, во борбата со терористичките закани, рече Тонер.