Меркел: Класично кратење на грчкиот долг не доаѓа предвид

Германската канцеларка Ангела Меркел за време на нејзината денешна посета на Сараево повтори дека кратење на долгот на Атина кон доверителите не е опција за излез на Грција од кризата.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Меркел објасни дека во 2012 година еврозоната се соочила со прашањето на одржливост на грчкиот долг, поради што морала да преземе низа чекори како одлагање на роковите за исплата на кредитите, со што еврогрупата стекнала искуство потребно за решавање на кризата.
- Реков дека класично отпишување на долговите не доаѓа предвид. Тој мој став не е променет од вчера до денес, изјави Меркел објаснувајќи ги разликите во ставите меѓу неа и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), од каде стигнаа заложби за значително простување на долгот на Грција.
Ново на Сител
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
