-->
-->
Меркел: ЕУ ќе преживее и без Велика Британија
-->
Германската канцеларка Меркел денеска и порача на Велика Британија дека во текот на преговорите за напуштање на ЕУ нема да биде во можност да избира кои европски привилегии може да ги користи а кои да го отфрли.
Пред заминувањето во Берлин каде што со нејзините европски колеги ќе договара идни чекори по референдмот со кои Велкика Британија реши да ја напушти ЕУ, канцеларката пред германскиот парламент испрати остри пораки до Лондон во врска со идните преговори за напуштање на унијата.
„Кој сака да ја напушти неговата фамилија не може да очекува дека ќе ги задржи привилегиите а ќе нема обврски. Ние ќе обезбедиме да нема преговори на принципот на бирање на обврски и привилегии“, изјави Меркел во Бундестагот, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Германската канцеларка пред германските пратеници изјави дека таа ќе ја искористи сета нејзина моќ за да ја запре поделбата во ЕУ по британскиот референдум.
Според Меркел Европската Унија може да го преживее напуштањето на Велика Британија и ќе продолжи да го гарантира мирот, просперитетот и стабилноста а преговорите со владата во Лондон нема да започнат се додека не започне формалната процедура за заминување. Следниот чекор кој што треба да се направи треба да дојде од Велика Британија смета шефот на германската влада.
Меркел очекува Велика Британија да сака да одржува блиски релации со Европа кога ќе земине но дека не смее да очекува односи какви што имала кога била членка на ЕУ. Според неа сега е важно ЕУ да се консолидира но да не презема чекори кои што можат да охрабрат и други членки да го следат Лондон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево