Меркел: ЕУ и Турција треба да го почитуваат договорот за мигрантите
ЕУ и Турција треба да ги почитуваат меѓусебните обврски кои произлегуваат од договорот за запирање на мигрантскиот прилив, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во обид да ги намали тензиите кои настанаа по усвојувањето на резолуцијата на Европскиот парламентм со која се бара замрзнување на преговорите за членство на Анкара во Унијата.
Европарламентот во четвртокот ја усвои резолуцијата за замрзнување на преговорите зе членство на Турција во ЕУ, во знак на протест поради чистките во земјата, по неуспешниот обид за преврат.
Во одговор на резолуцијата, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера се закани дека ќе ги отвори границите кон ЕУ за мигрантите, кои со договорот со Унијата, Турција се обврза да ги задржи на своја територија во замена за забрзување на преговорите за членство во ЕУ, визна либерализација за Турците и финансиска помош.
- Договорот со Турција за бегалците, според мене, е од взаемен интерес за двете страни. Затоа ние како Европејци треба да ги почитуваме нашите обврски, а и Турција треба да го прави истото, истакна Меркел.
На прашањето дали постои „план Б“ во случај да пропадне договорот за бегалците меѓу ЕУ и Турција, Меркел наведе дека Унијата засега нема нешто такво.
Ново на Сител
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија