Свет
18. February 2017 - 10:57

Меркел: Да се зајакне мултилатерализмот - ЕУ, НАТО, ОН

Германската канцеларка Ангела Меркел ја истакна денеска во своето обраќање на Безбедносната конференција во Минхен потребата од зачувување и јакнење на мултилатералните структури, како што се ЕУ, НАТО и ОН.

- Сите ќе бидеме посилни ако заедно дејствуваме, порача Меркел на собирот, на кој присуствува и американскиот потпретседател Мајк Пенс, но нагласи и дека мултилатералните структури на многу места „не се доволно ефикасни“.

Германската канцеларка изрази цврсто уверување дека е вредно да се бори за заеднички меѓународни мултилатерални структури, нагласувајќи дека е потребно тие да се подобрат.

Таа, исто така, изјави дека односите на Европа со Русија и понатаму се полни со предизвици, но е многу важно да се соработува со Москва во борбата против тероризмот.

- Заедничката борба против исламскиот тероризам е област во која имаме исти интереси и можеме заедно да дејствуваме, нагласи Меркел.

Пенс, како што е предвидено, ќе се обрати на собирот по говорот на Меркел.