Мерката за самовработување отвори 104 нови фирми во Струмица
Со поддршка на владините мерки за самовработување, во изминатата година во Струмица се отворени 104 нови мали фирми, со што се обезбедени над 110 нови вработувања.
Од Центарот за вработување, преку кој се реализира програмата самовработување со грант, информираат дека пристигнале вкупно 165 апликации, од кои најголемиот дел или повеќе од половина биле од млади лица до 29 години. Ова, како што велат, уште еднаш покажало дека мерката останува една од најатрактивните можности за невработените млади лица да започнат сопствен бизнис.
Новоформираните компании се од различни дејности , од занаетчиски и услужни работилници, преку производство на мебел и автомеханичарски услуги па до фирми од областа на информатичката технологија.
Покрај мерката за самовработување, од Центарот за вработување информираат дека активно се спроведуваат и други програми за поддршка на вработувањето и обука на невработените лица. Во моментов, во Струмица се евидентирани околу 4.600 невработени лица, од кои над илјада се млади до 29 години.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар
