Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати суптилна критика за начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп го организираше самитот во Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека со тоа Москва добила непотребно високо ниво на протоколарен престиж.
Во интервју за германската јавна телевизија АРД, дадено синоќа, Мерц рече дека самитот бил одржан со „голем протокол“ и додаде: „Руските медиуми ликуваат. Малку помалку ќе беше сосема доволно.“
Тој нагласи дека Трамп сепак дејствувал „во рамките на линијата за која претходно разговаравме. И тоа е добар напредок во однос на минатата вечер – и покрај една или две вознемирувачки слики што можевме да ги видиме“.
Канцеларот Мерц не ја исклучи можноста за територијални отстапки од страна на Украина. – Не може да има територијални отстапки пред потпишување на мировен договор, вели тој. Таквиот договор, според него, треба да ја означи и точката во која ќе стапат во сила безбедносните гаранции за Украина.
Дипломатските напори за пронаоѓање решение за мир продолжуваат утре, кога украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе отпатува во Белата куќа по консултации со европските сојузници.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ местеле тендери
-

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра
-

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
-

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Чекања и до три часа на европските аеродроми поради новиот систем за влез и излез од ЕУ
-

Лишен од слобода скопјанец, пронајден кокаин
-

Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер
