Мерц: Израелските напади врз Либан го загрозуваат примирјето со Иран

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро ги критикуваше израелските напади врз Либан, оценувајќи дека тие го загрозуваат постигнатото примирје меѓу САД и Иран.
Германскиот лидер изјави дека Берлин со голема загриженост ја следи ситуацијата на Блискиот Исток, откако САД и Иран претходно неделава се договорија за двонеделно примирје, јави ДПА.
– Интензитетот со кој Израел ја води војната [во Либан] може да доведе до пропаѓање на целиот мировен процес. Тоа не смее да се случи – изјави Мерц.
– Затоа, заедно со други шефови на држави и влади, вчера побарав од израелската влада да стави крај на понатамошната ескалација на нападите – додаде тој, повикувајќи се на заедничката изјава на европските лидери и Канада објавена вчера.
Во документот се повикуваат сите страни вклучени во борбите на Блискиот Исток „да го спроведат примирјето, вклучително и во Либан“.
И покрај примирјето меѓу САД и Иран, објавено доцна во вторникот, Израел продолжи со нападите врз Либан, нагласувајќи дека никогаш не се согласил да ги запре нападите врз проиранската милиција Хезболах како дел од договорот.
Според либанското Министерство за здравство, во израелските напади врз Либан во средата загинале повеќе од 200 лица
МИА
Ново на Сител
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
