МЕРАК МЕАНА
Нова Деветта Сезона од мегапопуларната Мерак Меана. Чекор пред Јубилејната Десетка.
Со голема радост од овој викенд продолжуваат мерак песните од Мераклиите. Меѓу нив сите оние кои на вистински начин уживаат и се радуваат на песната и дружбата. Мерак Меана успева да ги обедини пеачите и музичарите и од година во година покажува и докажува дека македонската песна носи неисцрпна енергија и убавина која создава една посебна зачудувачка магија, богатство и радост. Таа магија ги сплотува сите, пеачите, музичарите, гостите и секако гледачите. Стотици и стотици уметници во изминатите години биле дел од најгледаната музичка емисија кај нас. Илјадници песни и ора доживеале свои изведби. Стотици и стотици промоции на нови композиции и нови музички имиња. Музички имиња кои низ посебноста на атмосферата на Мерак Меана успеале да изградат или да ја надградат својата музичка кариера. Мераклиите продолжуваат онака како што само тие знаат и умеат, а оваа година тематските дружби дополнително ќе ја збогатат мераклиската слика. Па така мерак викендите ќе бидат распеани со дуетски дружби, дружби посветени на големите творци и изведувачи на македонската народна песна, дружби со песни од градовите и регионите низ Македонија и уште многу посебни и интересни теми кои се содржани и испеани во македонските фолклорни песни.
Речиси сите врвни имиња од македонската фолк музичка сцена и оваа година се очекува да бидат дел од единствената Мерак Меана. Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Блага Петреска, Миле Кузмановски, Даце Николовски, Ибуш Ибраимовски, Елена Андоновска, , Душко Георгиевски, Кате Брезева и Соната, Спасен Силјановски, Благица Павловска, Перо Христов, Кате Танева - Нели ти реков, Спасен Силјановски, Даниела Темелковска, Дамјан Стојановски, Нино Величковски, Дарко Стојановски, Благица Калева, Петар Нечовски, Стојне Николова, Ирена Вељовска, Сања Цинцева, Елена Велевска, Ирена Спасовска, Цеки, Адријана Ацеска, Горан Алачки, Павле Витанов, Ленче и Горан, Ани Малинкова, Методија Столески, Спасе Антевски, Анета Арсовска, Чардак, се побројната плејада млади извонредни изведувачи и уште многу други мерак пејачи, групи и инструменталисти од сите музички жанрови кои и во оваа деветта мераклиска година ќе направат викендите да биде исполнети со радост, игра и песна. Сите изведувачи и оваа година ќе бидат придружувани од врвните музичари на групата Мерак Боеми, а главен меанџија е разиграниот Трајче Толевски Мајка.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
