Македонија
14. July 2015 - 17:21

Мендух Тачи и Али Ахмети лидери по бројот на оправдани отсуства во Собранието

Мендух Тачи и Али Ахмети лидери меѓу пратениците со најголем број  оправдани отсуства од пленарни седници. За првите 6 месеци не биле на работа на вкупно 52 седници , по нив се Хазби Лика со 49 оправдани отсуства, Ермира Мехмети 38, Ристо Манчев 34 и Амди Бајрам 27.

Во извештајот за работата на  Парламентот покрај пратениците во оставка од СДСМ уште 24 пратеници од други партии немаат дискутирано воопшто на седница за овој период.  Меѓу првите на листата се Ахмети, Тачи, Адили и Алиу, пратеници од албанскиот блок.

15 пратеници се забележани на листата без дискусија на работни тела и совети, за разлика од нив само 6 пратенци биле  најактивни. Со 33 дискусии е прв на листата Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ.

Меѓу најпримерните и највредните со ниту едно отсуство од пленарки се спикерот Вељановски, пратениците Чибишев, Бонева, Јакимовска, Илиоски и Топузоцва Каревска и уште 24 нивни колеги од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.  За 6 месеци во Парламентот се одржани 28 пленарни седници од кои 25 се завршени. Шест од нив биле посветени за пратенички прашања. Собранието до јуни донело 178 закони од кои 102 се од економската област, 29 за политичкиот систем и 47 за јавните дејности. Солза Грчева, Благица Ласовска, Соња Талевска и Љубица буралиева поставиле најголем број пратенички прашања до Владата.

Пратеникот Илија Димовски поднел 12 предлог закони, најголем број амандмани поднесени се од Роза Топузова Каревска 88, по неа е Рамиз Мерко со 65 и уште тројца пратеници со околу 50 амандмани.

Најактивна во дискусиите се Роза Топузова Каревска и Зоран илиоски по нив уште четворица пратеници. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Димовски имал најголем број процедурални интервенции 8,  по него е координаторот нс ДУи Џафери со 4. 

Собранието редовно известува за работењето на пратениците, одржувањето на седниците и работни тела а граѓаните имаат увид и во сите донесени и предложени закони како и дискусии од работните тела. Секој петок пратениците се должни да ги отворат своите канцеларии за граѓаните или да остварат контакт со  избирачите во изборните единици.