Ин мемориам: Почина македонската пливачка легенда

Првиот Македонец што ги преплива Охридското Езеро и каналот Ла Манш Нико Нестор, почина вчера во Скопје на 81. годишна возраст.
Нестор е роден на 19 јуни 1934 година во Струга. На републичките првенства има освоено 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. На 19 август 1958 година година го остварил својот сон и станал првиот што го препливал Охридското Езеро од Св.Наум до неговата родна Струга. Една година подоцна, на 9 септември 1959 година, Нестор го направи и историскиот подвиг - стана првиот Македонец и првиот пливач од тогашна Југославија што го препливал каналот Ла Манш.

За овој свој подвиг во 2009 година доби специјално признание од Здружението на пливачки маратонци.
Посмртните останки утре во 11 часот ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел, а погребот ќе биде во 12 часот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
