-->
-->
Меморандум за соработка на Здрaвствениот дом и детската градинката во Кичево
-->
Здравствен дом во Кичево и единствената градинка во градот потпишаа прв пат меморандум за соработка, а директорот на градинката „Олга Мицеска” Садик Ахмети по потпишувањето истакна дека детската здравствена заштита е основен принцип на нивната работа.
-Затоа во соработка со директорот на Здравствен дом Кичево, Џабир Бајрами од една страна и Детската градинка „Олга Мицеска” од друга страна потпишавме Меморандум за соработка за медицински прегледи на деца кои се под наша грижа, вели Ахмети.
Тој додаде дека според ова медицинските тимови ќе вршат и стоматолошки прегледи кај деца, што ќе помогне во здравиот раст и развој на децата.
Тој во ова прилика изрази посебна благодарност до Здравствен дом Кичево и директорот Џабир Бајрами за овој договор, кој, како што рече , ќе биде во интерес за сите деца кои се сместени во градинката.
Задоволство од потпишувањето на Меморандумот изрази и директорот на Здравствениот дом, Бајрами.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата