Меморандум за разбирање меѓу МВР и УНХЦР
Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска денеска оствари средба со претставниците на УНХЦР во Македонија Даг Сигурдсон и Деан Кладарин на која беше потпишан Меморандум за разбирање за изработка на алатка за надградба на ИБАС за постапување по предмети за азил.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека целта на овој Меморандум е да се зголеми заштитата на барателите на азил и лицата под меѓународна заштита во земјата во Република Македонија согласно националното законодавство, меѓународните правни начела за бегалци и европското законодавство за азил.
На средбата е изразено заемното задоволство од интензивната досегашна соработка, напорите што ги прават во насока на справувањето со последиците од бегалската криза, особено во делот на заштита на баратели на азил, лица под меѓународна заштита и општо сите лица кои се наоѓаат во ваква или слична ситуација. На средбата исто така, беа потенцирани и можностите за идна соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и УНХЦР.
Ново на Сител
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО