Мелничарите даваат 8 денари за пченицата, земјоделците бараат најмалку 9
Мелничарите остануваат на одлуката дека ќе дадат максимум осум денари за килограм пченица, додека производителите бараат најмалку девет денари. Ова е засега исходот од денешниот заеднички состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кој трае веќе неколку часа и се уште не е завршен.
- Мора да откупуваме пазарно. Ако дадеме поголема цена, само ќе создадеме проблеми, изјави претседателот на Здружението на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора, Горан Малишиќ.
Според него, со предвидените дополнителни субвенции од два денара за килограм пченица што ќе ги обезбеди државата, задоволни ќе бидат и производителите.
Земјоделците, пак, се пожалија дека никогаш досега не била понудена толку ниска цена. За нив се неприфатливи осум денари за килограм зашто, велат, со нив не можат да ги покријат ниту основните производни трошоци.
- Нема да прифатиме цена пониска од девет денари. Имаме информации дека во Србија пченицата се откупува за 8,5 денари. За да ја увезат, нашите мелничари оваа сума треба веднаш да ја платат, а кај нас плаќањето е во период од 90 дена. Значи дека им е поисплатливо да купат домашно жито, од нашите производители, за што ќе им дојде цената иста, истакна претседателот на Федерацијата на фармери, Никола Стаменов.
Оценка на мелничарите е дека и годинава веројатно ќе има потреба од увоз на пченица со оглед дека променливите временски услови, негативно се одразуваат врз родот.
Ново на Сител
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески