Мелено пилешко месо на „Ледо“ се повлекува од продажба поради салмонела
Хрватското Министерство за земјоделство објави дека од продажба се повлекува меленото пилешко месо на „Ледо“, во пакување од 500 грама, со датум на замрзнување 11 мај 2015 година и рок на употреба до 11 јуни 2016 година, поради пронајдена бактерија салмонела.
Производител на контаминираното пилешко месо е компанијата „Месфино“ од градот Чазма, а „Ледо“ се наведува како дистрибутер на производот.
- Со микробилошка аналаза на производот е утврдено дека не се задоволени одредбите на Европската комисија, согласно кои салмонелата мора да биде отсутна во меленото месо и месните преработки во текот на нивниот рок на траење, стои во предупредувањето на ресорното Министерство.
Повлекувањето на меленото пилешко месо на „Ледо“ од пазарот го наредила Санитарната инспекција при хрватското Министерство за здравство.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот