Мелек и очувот што ја тепа... кога камерите ќе се исклучат
Потресна приказна која ги заинтригира македонските гледачи кои со големо нетрпение ја очекуваат секоја следна епизода од драмата за малечката Мелек на Сител телевизија.
Осумгодишно девојче кое ја доживеа најголемата болка на нејзиното детство. Клоци, шлаканици, влечење по под, тепање, викање... вистинско физичко и психичко насилство трпеше малото девојче во домот на нејзината мајка и очувот Џенгиз.
И кога конечно избега од тој пекол, во новите епизоди на Сител, таа е повторно во канџите на злобниог Џенгиз. Ќе успее ли Мелек конечно да се спаси од лошата судбина и да стави крај на прогонот на очувот?
За разлика од серијата, Мелек и Џенгиз приватно се вистински пријатели. Осумгодишната Берен Гоќулдиз и 30-годишниот Атеш Беркај покажаа на социјалните мрежи дека тоа што се случува во серијата е само сценарио, а вистински уживаат во заедничката дружба и одењето на фудбалски натпревари.
Извор:ТВ Пакет
Ново на Сител
-
Без активно жариште пожарот на Кипар
-
Активни седум пожари - гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, стрништа
-
Приведен возач од тетовско, возел под дејство на алкохол и учествувал во сообраќајна незгода
-
Николоски: До 2029 година ќе имаме комплетен автопат и експресен пат од граница до граница на Коридор 8
-
Кривична против директорка на Специјализираната болница Отешево поради злоупотреба на службена положба
-
Вардар ја победи фаворизираната Лозана
-
Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка
-
САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава