Меколин Калкин му се враќа на снимањето
Меколин Калкин ја освои публиката ширум светот како слатко русокосо момче во хит филмовите „Сам дома“, без кои по правило не може да помине ниту еден Божик.
Но, „малиот Кевин“ порасна и денес има 35 години. Откако долго време се бореше со зависностите, по сега изгледа дека сега повторно му се враќа на филмот.
Калкин настапува во новата верзија на хумористичната комедија „Dryvrs“, а првата епизода во која тој настапи повторно е поврзана со Божик.
Но, овој пат Калкин не го возбудуваат светилките, подароците и одбраната на куќата од крадци, туку се потсетува на траумите што ги доживеа „Кевин“.
- Што да кажам на тоа. Божик е и целото семејство оди на одмор без тебе. Морав да ја бранам куќата од двајца психопати. Бев само мало дете и денес имам ноќни кошмари во кои тој ќелав чудак ме прогонува. Се сетија на мојот идиотски брат, а ме заборавија мене - најслаткото осумгодишно момче на целиот свет, вели ликот на Калкин во една сцена од новата серија.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!