Меј се сретна со британската кралица за да ја информира за распуштањето на Парламентот

Британскиот премиер Тереза Меј попладнево замина на средба со британската кралица Елизабета Втора во Бакингамската палата за да ја информира за распуштањето на Парламентот, чиј состав ќе биде обновен со парламентарните избори на 8 јуни, пренесоа британските медиуми.
Последното заседание на Парламентот официјално заврши вчера вечер на полноќ. Новиот Парламент, што ќе биде избран на 8 јуни, своето прво заседание ќе го има веќе на 19 јуни. Тоа ќе се случи на свечена церемонија со пригоден говор на кралицата, во кој таа ја претставува програмата на новата Влада, составена по гласањето.
Социолошките истражувања им даваат голема предност на конзервативците на Меј. Таа се надева дека на изборите нејзината партија ќе го зголеми мнозинството во Парламентот.
Денешната аудиенција на Меј кај кралицата има симболичен карактер. Во минатото премиерите бараа одобрение од монархот за распуштање на Парламентот. Но реформа од 2011 година и стави крај на оваа процедура и сега премиерите само го информираат монархот за распуштањето на Парламентот и за претстојните избори.
Ново на Сител
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
