Свет
5. February 2022 - 9:29

Меј, Руте, Могерини, Калас или Јоханис можни наследници на Столтенберг

Поранешната британска премиерка Тереза ​​Меј, холандскиот премиер Марк Руте, естонската премиерка Каја Калас, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и романскиот претседател Клаус Јоханис, се споменуваат како можни кандидати за функцијата генерален секретар на НАТО, јави агенцијата ДПА.

Актуелниот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска е објавено дека ќе биде иден гувернер на Централната банка на Норвешка. Местото официјално ќе биде испразнето на 1 март, но Столтенберг ќе ја преземе функцијата дури наесен, бидејќи неговиот мандат како генерален секретар на Алијансата е до крајот на септември.

Дотогаш, со Централната банка на Норвешка ќе управува Ајда Волтен Баке, сегашен заменик-гувернер. Таа беше и главниот ривал на Столтенберг за водечката банкарска позиција.

Столтенберг е генерален секретар на НАТО од 2014 година. Тој претходно беше премиер на Норвешка од 2005 до 2013 година.

Кандидатурата на Столтенберг за функцијата гувернер на Централната банка ја следеа контроверзи во Норвешка, делумно поради неговото блиско пријателство со актуелниот норвешки премиер Јонас Гар Стохре, колега социјалдемократ, додава ДПА.