Меј го именуваше Џереми Хант за шеф на дипломатијата

Британската премиерка Тереза Меј синоќа го именуваше досегашниот министер за здравство Џереми Хант за министер за надворешни работи, откако Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата во знак на протест поради владините планови за блиски трговски односи со ЕУ.
-Кралицата со задоволство го одобри именувањето на Џереми Хант за државен секретар за надворешни и на Комонвелтот, соопшти кабинетот на премиерката Меј.
Хант важи за еден од министрите кои се најлојални на Меј. Беше министер за здравство од 2012 година.
„Време е на нашата премиерка да и се даде поддршка за да постигне голем договор за Брегзит - сега или никогаш, нагласи тој во порака на Твитер.
Борис Џонсон вчера поднесе оставка на функцијата, поради несогласувања со премиерката Тереза Меј во врска со планот за Брегзит.
Меј за нов министер за Брегзит го именуваше Доминик Раб, досегашен министер за станбени прашања и истакнат заговорник за напуштање на ЕУ.
Ново на Сител
-

Скопје во новогодишно светло
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-

Точката за разрешување на Коцевски утре пред пратениците
-

Власта ја поднесе својата резолуција против мигрантите и лажните вести на опозицијата
-

Апелација ја одбила жалбата на Љупчо Пецов 10 дена пред адвокатот Стафа да земе пари за поткуп на судија
-

Вечерва ќе светне новогодишната елка и ќе биде отворен божиќниот маркет на плоштадот Македонија
-

Трезорот работи, а буџетот е во одлична кондиција, вели министерката за финансии
-

Кратењето на буџетот за ретки болести шок за пациентите
