Меѓународно поетско читање „Лирски треперења“ во Крива Паланка

Со Меѓународното поетско читање „Лирски треперења“ што се одржа пред манастирот Св. Јоаким Осоговски, синоќа во Крива Паланка почна манифестацијата „Топол културен бран 2015“, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
Поетското читање е дел од „Паланечко културно лето“ во организација на општина Крива Паланка и Центарот за култура од Крива Паланка. Учествуваа 15 поети од литературниот клуб „Калин“ од Крива Паланка и „Вршачки литературен клуб“ од Вршац, Република Србија.
- „Лирски треперења“ е надоврзување на претходните книжевни манифестации кои Центарот за култура од Крива Паланка ги организира во континуитет за промоција и афирмација на пишаниот збор. Годинава сакавме да ги поттикнеме нашите кривопаланечки поети и поетеси, кои со своето учество на вакви и слични манифестации ќе имаат поголема мотивација и поттик за творење и себедокажување. Со годишната програма за издавачка дејност нашата установа редовно помага во етаблирање на нови млади книжевници од општината, изјави Александар Рангелов, директор на Центарот за култура од Крива Паланка.
Рангелов потенцира дека со литературниот клуб од збратимениот град Вршац имаат одлична долгогодишна соработка и, како што рече, кривопаланечките автори редовно гостуваат на поетски манифестации во организација на „Врашачки литературен клуб“.
- Чест и задоволство ми е што првпат гостуваме кај нашите долгогодишни пријатели од Крива Паланка, а посебно сум импресиониран од амбиентот на духовното светилиште што му дава особен белег на настанот. Нашиот клуб почна да функционира како книжевна работилница во времето на бомбардирањата во Србија и им служеше на дечињата за совладување на мајчиниот јазик. Подоцна, во 2006 година го регистриравме како литературен клуб кој денес има 80-тина членови, од кои 53 активно пишуваат, изјави Слободан Џекиќ, претстедател на „Врашачки литературен клуб“ и член на Друштвото на писатели на Србија.
Џекиќ изрази задоволство што во кривопаланечкиот клуб особено се посветува внимание на творештвото на младите.
Од „Врашачки литературен клуб“ на „Лирски треперења“ покрај Слободан Џекиќ, настапија и поетите Оливера Клариќ и Србислав Бошковиќ.
Манифестацијата „Толол културен бран 2015“ во Крива Паланка продолжува со изложба на дела од ликовната колонија „Лесново 2014“, која ќе се одржи во Центарот за култура в понеделник, на 27 јули, со почеток во 20 часот.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
