Меѓународниот ден на Ромите одбележан во Кичево

Меѓународниот ден на Ромите-8 Април денеска се одбележа во Кичево, во организација на Здружението на млади сили на ромската заедница во овој град.
- Под мотото „Да чекориме заедно“ на неколку локации во Кичево, со дружење, забава, игра меѓу Ромите и гостите што учествуваа на оваа манифестација, со добро организирана културно–уметничка програма достоинствено го одбележуваме овој голем ден за нас Ромите, изјави Удавер Реџепоски, советник во општина Кичево. Додаде дека манифестацијата е отворена за сите граѓани во општина Кичево.
Манифестацијата почна денеска во попладневните часови со кревање на ромското знаме на јарболот во населбата Бела кула во Кичево, каде се одржа богата културно-уметничка програма. Се одржа и трибина на тема „Како да го подигнеме активизмот кај младите Роми“ и општа веселба во населбата Бела кула, каде живее претежно ромско население.
Ново на Сител
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
