-->
-->
Меѓународниот аеродром во Кабул отворен за летови
-->
– Меѓународниот аеродром во Кабул денеска официјално објави дека е отворен за домашни и меѓународни летови, јави агенцијата Каама прес, повикувајќи се на извор од Управата за цивилна авијација.
Како резултат на терористичкиот напад на 26 август, пистата беше сериозно оштетена. Технички експерти од Катар и Турција помогнаа да се обнови меѓународниот аеродром.
Првиот домашен лет од Кабул се реализира на 4 септември, а првиот меѓународен лет од Кабул до Доха беше на 9 септември. На 13 септември, пак, на аеродромот во главниот град на Авганистан слета првиот авион на меѓународен трговски лет од Исламабад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор